Црна хроника
Полицаец од „Ќафасан“ зел 50 евра поткуп да се почести кафе
Полицаец, вработен како раководител на смена во полициската станица за гранични проверки, Ќафасан зел поткуп од 50 евра, па против него е поднесена кривична пријава.
Поткупот го побарал на 6 декември од двајца албански државјани кои патувале од Тирана кон Скопје со автобус, а требало да патуваат во Брисел со авионски лет од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.Иако немало законски пречки странците да влезат во Македонија тој им побарал пари „за да се почести кафе“ и побарал во една од патните исправи да му стават 50 евра.Откако извршил дополнителна проверка, без да изврши евидентирање на патниците во Оперативната евиденција на МВР со својата шифра и да стави печат за влез во патните исправи им дозволил влез во Македонија. Наредниот ден околу 04,30 часот при обид да ја поминат пасошката контрола на аеродромот „Александар Велики“ е утврдено дека во патните исправи немаат печат за влез во Македонија.Албанските државјани тогаш го опишале настанот кој се случил на граничниот премин Ќафасан и случајот го пријавиле во МВР. Во полициската станица во Струга извршиле препознавање на лица. Четириесет и тригодишниот полицаец од Тетово кој примил поткуп доби кривична пријава./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.