Црна хроника
Полицаец пукал во воздух за да не го прегазат со кола
Четириесетгодишен струмичанец се обидел со своето возило да прегази полициски службеник, кој бил принуден да испика неколку куршуми во воздух во знак на предупредување.
Инцидентот е регистриран во саботата во 01,55 часот на локалниот пат Гевгелија – село Богородица полициски службеници од РЦ за ГР Југ поради контрола се обиделе да сопрат патничко возило со струмички регистерски таблички, кое наместо да застане на дадениот знак ја зголемило брзината и се упатило кон правец во Скопје.
Полициските службеници го стигнале возилото и откако полицискиот службеник излегол и се упатил кон сопреното возило, возачот нагло тргнал со возилото кон него, при што од страна на полицискиот службеник испукани се неколку куршуми во воздух за предупредување.
Возилото по кратко време пак е сопрено и утврдено е дека го управува лицето А.М.(40) од Струмица, кој заедно со четворица сопатници кои биле со него се приведени во ПС за ПН и ГН Богородица за понатамошна постапка. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.