Црна хроника
Полицајци им помагале на осомничените во „Чекан“ во криминалот
Полицаец и командир на полициската станица во Гостивар се осомничени дека им помагале на уапсените во акцијата „Чекан“ во вршењето на криминалните активности, не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат.
Против нив е поднесена кривична пријава за помагање и одреден им е притвор во траење од 30 дена.Полицаецот од јуни до декември минатата година ја злоупотребил службената положба и им овозможил на приведените да вршат кривични дела „лихварство“, „изнуда“, не преземал службени дејствија но им и давал и податоци од оштетените за нивната имотна состојба и нивната местоположба.Командирот на полициската станица во Гостивар бил поврзан со групата од 2009 до 2012 година.„Најмалку четири наврати на претходно пријавените им овозможил непречено да вршат кривични дела кои се гонат по службена должност и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист. Истиот кривични дела ги извршил на начин што пријавите (што најчесто биле за физички напад, како дејствија извршувани во рамки на кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“) кои униформираните полициски службеници ги изготвувале и му ги доставувале на понатамошно постапување против пријавените, воопшто не ги процесуирал, ниту ја известувал Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Гостивар. Командирот Ш.Д. ова го правел согласно договорот и улогата која ја имал во криминалната група, со цел прикривање на докази, како и спречување на откривање и докажување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „лихварство“ и „изнуда““, соопштуваат од МВР.Двајцата полицајци за овие услуги земале пари и во моментот на апсење биле вработени во Министерството за внатрешни работи.Пред неколку месеци беше уапсена група осомничена за„злосторничко здружување”, „изнуда”, „лихварство” и „перење пари, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија.По два месеца бегство беше уапсен и водачот на групата, гостиварскиот бизнисмен Фадил Арслани кој давал заеми, а потоа изнудувал пари со камата. Во групата беа вмешани нотари, лихвари, извршители./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.