Црна хроника
Полиција ранила разбојник на бензинска во Куманово
Полицијата начекала двајца разбојници на бензинска во Куманово, кои се обидувале да го ограбат објектот, при што испукале неколку куршуми кон нив и раниле еден од разбојниците.
Имено, во недела околу 4 часот наутро, во Куманово на ул.„11-ти Октомври“ бб, во кругот на Железничката станица, во бензинската пумпа „Твинс Петрол“, двајца маскирани сторители извршиле разбојништво во обид над вработената од Куманово.
Имено, откако влегле во бензинската пумпа, едниот од нив извадил пиштол, со кој и се заканувал на вработената.
Бидејќи на наведената бензинска пумпа веќе неколку пати има извршено разбојништво со закана со огнено оружје, полициски службеници од Куманово биле во заседа, при што во моментот кога ги забележале сторителите, ги предупредиле да се предадат.
Еден од сторителите со пиштолот во рака се свртел кон полициските службеници, по што истите испукале најпрво во воздух, а потоа неколку истрели кон сторителите.
Двајцата сторители во тој момент почнале да бегаат, но едниот од нив од здобиените повреди паднал, а другиот успеал да побегне.
По извршениот разговор со повредениот сторител, констатирано е дека се работи за Б.Х.(19) од село Синѓелиќ. Вториот сторител побегнал од местото на настанот со автомобил. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово, Б.Х. бил пренесен во Клиничкиот центар – Скопје.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа при што бил пронајден и подигнат за вештачење еден пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.