Црна хроника
Полицијата досега не лоцирала униформирани лица
Полицијата досега не лоцирала униформирани лица, припадници на т.н. гарда на Илирида, изјави во вторникот министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Министерката апелираше претставниците на медиумите да бидат прецизни во пренесување на изјавите на официјалните лица на МВР, затоа што информацијата од СВР Тетово беше дека е примена таква пријава.„Во моментот кога е примена пријавата, веднаш се преземени сите дејствија кои се соодветни на една ваква ситуација и доколку се случи да бидат лоцирани такви лица, што до моментот не се случило, ние ќе пристапиме кон спроведување соодветни мерки за нивно лишување од слобода. Доколку утврдиме постоење на какво и да е прекршување на законот, ќе биде поднесена соодветна пријава“ изјави Јанкулоска.Министерката не даде подетални информации за мерките што ги преземаат во врска со преземањето на одговорноста од страна на ткн Ослободителната народна армија, за пукањето што се случи на 28-ми октомври кон објектот на Владата, поради професионални причини.„Ве уверувам дека сé што е во рамки на нашите законски надлежности, и што ни стои на располагање како алатка за откривање на какви било состојби во општеството кои се во интерес на безбедносните служби, ќе биде применето“ додаде Јанкулоска.Изминатиот период се појавија информации и имаше пријави во полицијата дека во реонот на Тетово и Скопје патролираат униформирани лица од ткн гарда на Илирида, а ова го тврдеше и заменик министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили. Тој изјави дека лица во црни униформи легитимирале и заплашувале граѓани во тетовско, според пријави на граѓани.Минатата седмица со соопштение Ослободителната народна армија ја презеде одговорноста за пукањето кон Влада, со образложение дека во Македонија не се почитува Охридскиот рамковен договор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.