Контакт

Црна хроника

Полицијата има осомничени за нападот во Гошинце

Објавено пред

Полицијата има индиции за тоа кој стои зад нападот врз полициската станица за гранична контрола Гошинце, а дел од оружјето коешто групата го зеде од полициската станица во неделата беше пронајдено при претрес во објект во блиското село Брест.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални информации, еден од главните осомничени за нападот на караулата е Мирсад Н’дрецај, познат од конфликтот во 2001 година, како „Командант НАТО“, кој ја презеде одговорноста за нападот на својот профил на социјалната мрежа Facebook. Напиша дека тој, заедно со уште неколку поранешни војници на ОВК, ја нападнале полициската станица во Гошинце.„Додека политичкото раководство на чело со Али Ахмети водат борба за своите лични интереси, ние, поранешните претставници на ОВК, никогаш не се согласивме со Охридскиот договор, којшто никогаш не се реализираше до крај“, напиша Н’дрецај.Н’дрецај заедно со уште друго лице биле главни во нападот на караулата во Гошинце, но засега не се открива името на другиот осомничен.„Во оваа фаза можам да кажам дека индициите и оперативните сознанија со кои ние располагаме во овој момент, а се релевантни во истрагата, водат во насока на можна инволвираност на лицето (Мирсад Ндрецај)“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, одговарајќи на прашањето дали „Командант НАТО“ е осомничен за нападот на Караулата. За Јанкулоска тезата дека нападот е фингиран, е бесмислена и активностите на Министерството за внатрешни работи ги демантирале ваквите тврдења.„Таквото тврдење, иако доаѓаше од највисоки претставници на опозицијата, може да се протолкува како обид да се внесе дополнителен раздор и немир кај граѓаните на Македонија, бидејќи самиот настан во Гошинце влијаеше на чувството на безбедност кај граѓаните и дополнително да се девалвира готовноста на безбедносните сили. Но, времето најдобро ги демантираше сите оние кои излегоа со вакви конструкции, дека не само што не се во право, туку дека безбедносните служби се подготвени и дека имаат капацитет да одговорат на секоја задача. Обидот да се внесе раздор меѓу граѓаните, се надевам,нема да им успее на политичарите кои креираат вакви тези, затоа што граѓаните се доволно мудри и знаат на што може, а на што не треба да веруваат“, порача Јанкулоска.Српскиот весник Блиц пред неколку дена повикувајќи се на информации од поранешни соработници на македонските тајни служби и на безбедносните служби на околните земји објави дека нападот е исцениран за да се сврти вниманието од „бомбите“ коишто ги објавува опозицијата. Според српскиот весник, за нападот биле издвоени два милиона евра, а го организирале двајца водачи на криминално-теросристички организации, Сами Укшини – Сокол од Ѓаковица и Риза Бега од околината Пеќ.

Командант НАТО во своетот обраќање на Facebook ги негира пишувањата дека тој и групата што го нападна Гошинце добиле пари.

„За нас нема поголема вредност од реализацијата на националните аспирации и не постои такво богатство на овој свет што ќе не натера да одиме против крвта на нашите другари кои загинаа“, пишува Ндрецај.

И покрај сите сомнежи во јавноста и новинарските прашања како е можно да биде направен терористички напад без да биде испукан ниеден куршум, како е можно еден од полицајците да не бие врзан и да бидат оставени сами да се ослободат и зошто не си заминале со автомобил од местото на инцидентот, туку оделе пеши, Јанкулоска вели дека ситуацијата била сериозна и дека МВР одговорило на висината на задачата. „Сите активности кои ги презедовме следните денови потврдија дека овие тврдења не само што се продукт на една конструкција , туку дека имаме сериозни ситуација. МВР е на висина на задачата“, вели Јанкулоска.Полицијата има индиции и повеќе сценарија за мотивите за нападот, но тие ќе се потврдат тогаш кога ќе се обезбедат изјави од осомничени лица.Таа уверува дека границата на државата се обезбедува според највисоки стандарди и дека е неупатно да се споредува времето кога границата ја обезбедувала Армијата со 23 припадници на АРМ и времето кога границата ја обезбедува МВР. Иако границата се обезбедувала со четворица полицајци, освен физичка сила полицијата користела и други мерки кои опфаќаат повеќе мерки на обезбедување. „Тактиката не е само бројот на луѓе, опфаќа многу други тактики од методолошки аспект“, вели Јанкулоска. Тактика било и тоа што полицијата појде на местото на инцидентот следниот ден, речиси 12 часа по настанот. „Тоа е дел од тактиката и методологијата  на работа. Нас освен што ни е битно да се направи увидот и да се собере целиот доказен материјал кој може да го има на местото на настанот исто така ни е битно  тоа да се прави во безбедни услови и да се направат сите антиретористички мерки пред да се пристапи на лице место“, речи Јанкулоска.Полицијата во неделата направи претрес на објекти во селата Брест и Брњарци, сопственост на педесет и петгодишно лице осомничен дека е учесник во нападот кај Гошинце. Во два објекти во Брест нашле автоматски пушки, снајпери, радиостаница, маскирна униформа со ознаки на УЧК, рамки за куршуми. Оружјето кое било најдено е дел од оружјето коешто групата го зела од полициската станица во караулата. Испратено е на вештачење за да се откријат евентуални материјални траги корисни за истрагата. На 21-ви април, според МВР, група од 40-тина лица ја нападната караулата во Гошинце, врзаа тројца полицајци од караулата, а еден го оставиле одврзан и на заминување им рекле да се ослободат половина час откако ќе заминат напаѓачите. Им порачале дека не признаваат никаков Охридски договор и дека сакаат своја држава.

Според МВР, нападот во Гошинце е кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија“./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија3 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија4 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија5 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ6 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија6 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија6 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија9 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет10 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет10 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија10 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион10 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет10 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет10 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...