Црна хроника
Полицијата приведе дилер на хероин во Гостивар
Полициски службеници во саботата претпладне во Гостивар извршиле претрес во домот-куќата на 30-годишниот гостиварец Ф.А, при што е пронајдена одредена количина на хероин.
Полициски службеници во саботата претпладне во Гостивар извршиле претрес во домот-куќата на 30-годишниот гостиварец Ф.А, при што е пронајдена одредена количина на хероин.
Со претресот, реализиран со соодвена судска наредба, биле опфатени три простории, претсобје, кујна и соба и во една од нив затекнат е Ф.А, кај кого е пронајдена црна футрола за наочари, која ја чувал во левиот џеб од неговите куси панталони.Во футролата се наоѓала поголема зипер кеса, во која имало 143 мали пакувања со непозната прашкаста материја, најверојатно хероин.
Сето пронaјдено при претресот е фотодокументирано и одземено за вештачење, а во консултација и координација со јавен обвинител, 30-годишниот гостиварец Ф.А. приведен е и задржан во Полициската станица Гостивар.
Во текот на денешниот ден, со адекватен поднесок осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.