Црна хроника
Полицијата во потрага по лица вмешани во кумановскиот инцидент
Полицијата во средата утрото во потрага по лица вмешани во кумановскиот инцидент во „Дива населба“ извршила претреси на неколку локации, но не ги пронашла лицата за кои постои сомнение дека биле помагачи на вооружената група.
По наредба на судија на претходна постапка полицијата утрово извршила претреси на неколку локации во кумановскиот и скопскиот регион. Лицата кои се барале не се пронајдени, но од МВР информираат дека се запленети предмети кои се предадени на надлежен јавен обвинител од обвинителството за организиран криминал. Лицата се барале под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок, односно ова е продолжение на акцијата „Молња“ што беше спроведена за апсење на лица кои биле логистика на вооружената група во кумановската Дива населба.Акцијата беше спроведена пред две седмици кога беа уапсени седум лица, помагачи на вооружената група која изврши нападот во Дива населба во Куманово. Во борбите меѓу полицијата и групата во мај загинаа осуммина полицајци и десет припадници на вооружената група. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.