Црна хроника
Полициска акција во Ваксинце, затекнати стотина мигранти
Министерството за внатрешни работи спроведува од четвртокот наутро полициска акција во кумановско Ваксинце, селото за кое медиумите и претходно пишуваа дека има огромен број мигранти и дека токму таму оперира голема криминална група.
Според првичните информации, во селото биле затекнати стотина имигранти, а дел од нив биле сместени во куќите во селото.Од Министерството повеќе информации најавуваат во текот на денот. Акцијата следува по информациите објавени на британската телевизија Channel 4 News која објави прилог во којшто известува дека организирана криминална група оперира во Македонија и секојдневно киднапира мигранти и ги држи како заробеници, барајќи им да платат откуп.Криминалните активности ги раководел човек кој сите го знаеле како Алибаба, кој бил Авганистанец, но кој соработувал и со криминални групи во Македонија, и се фалел дека ја потплаќал и македонската полиција, па затоа никој не можел да им помогне на мигрантите.„Можеби се наоѓаат во Европа, ама ова е територија на авганистанските шверцери и голем број шверцери на луѓе преговараат со мигрантите за да ги однесат кон Западна Европа. Шверцерите се вооружени со мачети за да се заштитат себеси и нивниот плен од криминалните банди што демнеат низ шумите и им ги земаат мобилните телефони и парите во кеш”, се вели во репортажата објавена на британската телевизија./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.