Црна хроника
Полски хулигани нападнаа воз, 10 повредени
Најмалку десет лица се поведени во Полска кога 200 маскирани хулигани упаднале во еден патнички вози и предизвикале масовна тепачка со навивачи кои патувале на натпреварување во мешани боречки вештини (ММА), пренесува во неделата австриската агенција APA повикувајќи се на полските медиуми.
Радио Гданск јави дека инцидентот се одиграл во саботата доцна вечерта во близина на железничката станица Абанка кога групата хулигани насилно го запрела возот на линијата Елблонг – Гдињ, откако композицијата претходно била нападната со камења, а потоа влегле во вагоните и започнале масовна тепачка.
Според извештајот на полската национална телевизија напаѓачите, исто така, се обиделе да извлечат од возот неколку луѓе, но не успеале.
Во насилствата биле повредени најмалку десет лица, од кои неколкумина се здобиле со повреди во главата. Повредените се префрлени во локалната болница, а полицијата работи на утврдување на околностите инцидентот./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.