Црна хроника
Полски новинари приведени на ГП „Богородица“
Двајцата полски новинари, кои во петокот беа приведени од страна на македонската полиција заради нелегален премин на границата, се ослободени и продолжуваат да си ја вршат својата работа.
Според Радио Поланд, новинарите биле на ГП „Богородица“ и ја следеле бегалската криза на грчко-македонската граница, кога заедно со бегалците ја минале нелегално границата, по што биле приведени.
Откако платиле казна, новинарот Јан Хуните и фоторепортерот Максимилијан Ригамонти биле ослободени. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.