Црна хроника
Поранешниот разузнaвач Слободан Богоевски спроведен во затвор
Поранешниот разузнaвач, Слободан Богоевски, во четврток вечер е приведен од страна на полицијата за издржување затворска казна, пренесоа медиумите.
Поранешниот разузнaвач, Слободан Богоевски, во четврток вечер е приведен од страна на полицијата за издржување затворска казна, пренесоа медиумите.
За случајот „Агент“, Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валич, се осудени на две години затвор, а три години за финансиски малверзации доби адвокатот Васко Томановиќ.
Богоевски, поминаа осум месеци во притвор, а оттаму излезе минатата година, по донесувањето на првостепената пресуда. Богоевски и останатите осудени ја чекаат одлуката на Врховен суд, каде ја обжалија второстепената одлука.
Обвинетите, покрај казната затвор, треба да платат отштета околу 950.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.