Црна хроника
Поштар си испукал куршум во ногата
Поштар од Злетово си испукал куршум во ногата и се самоповредил случајно, додека го вметнувал пиштолот во футрола којашто ја носел на појасот.
Триесет иедногодишниот поштар од Злетово во средата разнесувал пензии низ селото Лесново, Пробиштип и со себе го зел пиштолот којшто го поседувал со дозвoла. Во него ставил рамка со осум куршуми, го репетирал и го ставил во торбата заедно со парите од пензиите. Кога се вратил во објектот на „Македонски пошти,“ го извадил пиштолот од торбата и се обидел да го вметне во футролата која ја носел на појасот. Но еден куршум испукал и го погодил во десната потколеница, нанесувајќи му влезно излезна рана. На поштарот му била укажана лекарска помош во село Злетово, од каде со возило на Брза помош бил однесен во Клиничката болница во Штип, по што е пуштен на домашно лекување. На местото ан несреќата извршен е увид./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.