Црна хроника
Повеќе од 100 илегалци од Сирија и Ирак откриени во воз во Велес
Повеќе од 100 илегалци од Сирија и Ирак биле откриени во недела попладне на железничката станица во Велес, во воз кој превезувал јаглен од Солун.
Министерството за внатрешни работи информира дека со поголем дел од илегалците не била можна комуникација и не знаеле ниту каде се наоѓаат нити знаеле да посочат од каде дошле или каде одат.
Со мал дел од нив била остварена комуникација и било утврдено дека не се сите заедно и дека се збир од повеќе групи, а секоја група си имала свој водач низ земјите од кои патувале, од Сирија преку Турција и Грција до Македонија.
Според кажувањата, од Сирија кон Турција не им требал водич ниту платиле нешто на некого, но од Турција за да влезат во Грција дел од нив плаќале и по 3.200 евра по човек.
Од Грција за да дојдат до Србија им било побарано од 600-800 евра по човек, а плаќањето било договорено да биде во Србија, откако ќе биле преземени.
Од извршениот разговор како едно од местата на качување во возот, била посочена Железничката станица во Идомени, Грција каде илегалците не биле забележани од никого.
МВР работи за целосно расчистување на случајот, а веќе се преземени мерки за згрижување на илегалците.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.