Црна хроника
Повредена сопругата на возачот на Заев во сообраќајка во Струмица
Сопругата на возачот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и уште пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 9 часот во Струмица.
Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на раскрсницата „Климент Охридски“ и „Братство и единство“, кога се судриле автомобил „фиат пунто“ со штипски регистерски таблици и „ауди“ со струмички регистерски таблици, во кое што биле возачот на Заев, неговата сопруга и уште двајца сопатници.
Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат пунтото“, дваесет и петгодишниот В.М., неговата врсничка С.Г. и триесет и двегодишниот сопатник З.М. сите од Радовиш.
Возачот на „аудито“, шоферот на Заев, не се пожалил на повреди додека неговата сопруга, педесет и тригодишната Ј.А., шеесет и едногодишниот сопатник Д.К.и уште една сопатничка се здобиле со телесни повреди.
Повредените се пренесени во струмичката болница каде им била укажана лекарска помош. Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за несреќата.
Автомобилот „ауди“ бил на лизинг и не се води ниту на име на општина Струмица, ниту на име на физичко лице. Според неофицијалните информации, станува збор за автомобил сопственост на градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.