Црна хроника
Повредени 48 патници во несреќата со автобусот на ЈСП
Најмалку 48 патници се повредени откако во вторник изутрина се преврте автобус на ЈСП со број 67 во Драчево. Причините за незгодата сè уште се утврдуваат.
Сите 49 повредени биле пренесени во ГОБ „8-ми Септември“, Хируршката болница „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар, а речиси сите од нив се пуштени на домашно лекување.
Во „Св. Наум Охридски“ биле прегледани 29 лица, а од нив само една повозрасна пациента со контузија на главата е задржана. Во Ургентниот центар биле примени 14 пациенти, сите на возраст над 30 години. Од нив е задржан само еден маж со скршеница на носот. Во ГОБ „8-ми Септември“ биле примени пет лица со набиеници и сите се пуштени на домашно лекување.
Автобусот 67, кој сообраќа на линија Транспортен центар-Зелениково, утрово околу 6 часот се преврте на ул. „Драчевска“.
Полицијата сè уште работи на утврдување на причините за несреќата. Директорот на ЈСП, Мишко Николов, беше на местото каде што се преврте автобусот и рече дека точната причина ќе се знае по увидот на полицијата и дека автобусот имал документација за техничка исправност.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.