Црна хроника
Повредени двајца параглајдеристи странци
Двајца параглајдеристи, странски државјани, го повредиле рбетот при летање со параглајдер и двајцата се сместени во Клиничкиот центар Скопје.
Во првиот случај, Финец кој во вторникот околу 10 часот полетал со параглајдер од полетиштето на местото Мечкин Камен се здобил со повреди на рбетниот столб. Тој бил префрлен со хеликоптер на МВР на Клиника во Скопје. Во вториот случај, Германец кој летал со параглајдер од падините на Водно, поточно од кај Крстот, изгубил контрола и почнал брзо да паѓа. И тој бил пренесен во Ургентен центар, каде му била констатирана тешка повреда во пределот на рбетот и истиот е задржан на лекување во КАРИЛ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.