Црна хроника
Повторно побегнал бегалец од затвор
Штипјанец, бегалец од затворот во Струмица, бил фатен во возило со охридски регистарски таблички, но сопатникот овозможил тој поворно да побегне, јави полицијата.
Штипјанец, бегалец од затворот во Струмица, бил фатен во возило со охридски регистарски таблички, но сопатникот овозможил тој поворно да побегне, јави полицијата.
Имено, во неделата, околу 13.30 часот во Штип полициски службеници од полициската станица во Штип, при контрола на автомобил „лада“ со охридски регистарски ознаки управувано од С.Д.(23) од Штип, констатирале дека по истиот се трага, поради бегство од Затвор – Струмица. Кога сакале да го приведат, едниот полициски службеник бил спречен од страна на сопатникот во возилото С.Д.(20) од Штип, односно бил фатен за левата рака и повлечен наназад, од што изгубил рамнотежа. С.Д.(23) ја искористил приликата, се отргнал и избегал, а С.Д.(20) е лишен од слобода. За настанот е известен јавен обвинител и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.