Црна хроника
Повторно украдено оружје, овојпат во битолско
Претходната недела, од куќа во селото Добровни, битолско, било украдено оружје.
Претходната недела, од куќа во селото Добровни, битолско, било украдено оружје.
Имено, во саботата, К.Т.(57) во полициската станица во Новаци пријавил дека во периодот од 23 до 30 јануари во село Добровни непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен алат го отворил прозорецот и влегол во неговата куќа при што одзел кожен реденик со 30 куршуми калибар 12мм марка „Магнум“, 40 куршуми калибар 12мм марка „Ремингтон“, „Белом“ и „Крушик“, гумени чизми, два литри бензин, и два литри моторно масло.
Крадецот потоа избегал, а од кражбата се здобил со противправна имотна корист од околу 11.000 денари.
Увид извршила увидна екипа на СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ова е само еден во низата случаи каде се крадеше оружје, пиштоли, пушки и муниција, на целата територија на Македонија, во последните два месеци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.