Црна хроника
Познат идентитетот на прегазената девојка во Центар
Дваесет идвегодишна гостиварка е девојката која во четврток напладне беше прегазена во Скопје.
Во Ј.И. удри такси возило, автомобил „опел“, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје, кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“.
Девојката беше пренесена во Ургентен центар со полесни повреди.
Полицијата изврши увид на местото на сообраќајната несреќа, а врз возачот на автомобилот К.С. (56) од Скопје беше извршено алкотестирање кое покажало дека во неговата крв нема присуство на алкохол.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.