Црна хроника
Познат идентитетот на загинатиот во несреќата кај Струга
Кичевецот Ајнур Ц. (29) загина на лице место во мсообраќајната несреќа што во синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмољје, соопшти СВР Охрид.
На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга.
Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во Општа Болница-Струга-хирургија од каде е префрлен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид,а потоа во општата болница Охрид хирургија каде истиот е задржан на понатамошно лекување.
Совозачот Е.М. (24) од Кичево се задобил со фрактура на карлица и фрактура на пет ребра на лева страна од граден кош. Тој е пренесен во болницата за коскени заболувања Св.Еразмо-Охрид,а потоа во општата болница Охрид-хирургија каде е задржан на понатамошно лекување.
Сопатниците во возилото Р.Х. (18) и Д.И. (20) двајцата од Кичево се задобиле со телесни повреди во вид на изгреботини и набиеници во пределот на главата и телото. Тие со возило на брза помош се пренесени во Општа болница-Струга-хирургија и потоа по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Сообраќајната незгода е случена поради можна неприлагодена брзина на управување на возилото према условите на регионалниот пат. Возачот М.М. изгубил контрола над возилото кое излетало од коловозот и паднало во канал на десната страна.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.