Црна хроника
Познати имињата на загинатите во „пајперот“
Шест лица загинаа, од кои петмина мажи и една жена во падот на авионот „пајпер“ што во вторникот попладне се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле.
Како што објави италијанскиот весник „Ла Република“, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај.Од друга страна, некои косовски медиуми јавија дека во несреќата загинал и братот на Висар, Ф.Бегај.Според рутата, авионот требало од Тревизо да слета во Скопје за да наполни гориво, а потоа да се упати кон Приштина, но два километра пред пистата леталото се губи од радарот.Истрагата е во тек и засега нема информации што довело до падот на авионот. /крај/лар/ст
Извор: La Repubblica
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.