Црна хроника
Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар
Пешак бил прегазен доцна ноќта кон вторникот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар во близина на селото Трапчин Дол.
Шеесетгодишниот Шукри А. од селото Трапчин Дол починал на лице место, во несреќата која се случила во еден часот по полноќ,. Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „опел астра“ движејќи се во правец Кичево – Гостивар, со предната лева страна го удрил пешакот кој се движел на магистралниот пат. Автомобилот со кичевски регистерски таблици го управувал шеесет ичетиригодишен жител од кичевското село Букојчани.На местото на сообраќајката извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево.За време на увидот, магистралниот пат Кичево – Гостивар до 03 часот беше запрен за сообраќај за тешки товарни возила додека за лесни возила, сообраќајот се пренасочување низ локалниот пат во селото Трапчин Дол.Дополнително врз патничкото моторно возило „опел астра“ ќе се изврши вонреден технички преглед./крај/мф/
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.