Црна хроника
Прегазен пешак во Тетово, возачот се обидел да го спаси
Пешак е прегазен во вторник околу пладне на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово.
Товарно моторно возило „мерцедес вито“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал 48-годишниот С.А. од Тетово удрил во педесет и седумгодишниот Ј.Ѓ. од Тетово ја преминувал улицата од едната на другата страна, надвор од обележан пешачки премин.Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Возачот на „мерцедесот“ сакал да му помогне и со друго возило веднаш го пренел прегазениот во Клиничката болница во Тетово, но човекот набргу им подлегнал на повредите.Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа. По наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обдукција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.