Црна хроника
Прегазено младо момче во Скопје се бори за живот
Со скршеница на черепот се здобило младо момче, кое во средата на пладне било прегазено на булеварот. „Јане Сандански“ во Скопје.
Имено, како што соопшти полицијата, во средата околу 12.20 часот, во Скопје, на булеварот „Јане Сандански“, Н.Б.(1970) од Скопје, управувајќи автомобил „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ф.М.(1996) од скопското село Марино.Од екипа на итната медицинска помош, Ф.М. е однесен во Гратската општа болница „Св. Наум Охридски“. каде му е констатирана повреда во пределот на главата (скршеница на череп) и е во животна опасност. Увид на лице место извршила екипа од СВР–Скопје./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…