Црна хроника
Пресечен меѓународен канал за шверц на злато, запленети 8,5 кгр злато
Злато од Турција се шверцувало во Македонија, а инспектори од Одделението за истраги во вторникот при претрес на патничко моторно возило „голф 5“ на патниот правец Гостивар – Дебреше откриле 8,5 килограми злато, наменето за македонскиот пазар, чијашто вредност се проценува на над 200 илјади евра.
Околу 10.30 часот за детална царинска контрола сопрен е македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, при што под предните седишта пронајдени се три најлонски кеси со 2.127 парчиња златен накит, со вкупна тежина од 8.610 грама, соопшти Царинската управа.Од преземените предистражни мерки и активности утврдено е дека златниот накит е купен во Турција и на недозволен начин е прокриумчарен во Република Македонија. Сторителот по претходен договор со лица од Турција и во соработка со турска автобуска превозна компанија која ја одржува редовната линија Истанбул – Гостивар, го организирале криумчарењето на златниот накит. Откако автобусот пристигнал во Македонија од Турција и се паркирал на автобуската станица во Гостивар, пријавениот влегол внатре го извадил накитот кој претходно бил сокриен во автобусот и за кратко време го сместил во неговиот автомобил.По завршување на истрагата и целосно документирање и расчистување на случајот, Царинската управа прототив сторителот ќе поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторено криично дело ,,Криумчарење“.Лицето заедно со кривичната пријава во текот на денот ќе биде изнесено пред надлежноиот Суд во Гостивар .Царинската управа презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.