Црна хроника
Пресуда за сообраќајката кај „Зебра“
Во четврток во 13.30 часот се очекува судскиот совет да ја соопшти пресудата за сообраќајката што се случи во јули кај трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец.
Обвинителството во завршните зборови побара судот да ги цени отежнителните и олеснителните околности кои стојат на страната на обвинетиот Бојан Блажевски.Како отежнителни околности, јавната обвинителка ги наведе зачестеноста на ваквите случаи како појава во општеството, тоа што сообраќајката се случи на јавно место, тоа што обвинетиот не изразил каење за време на истражната постапка и тоа што е зависник од наркотици.Одбраната, пак, на обвинетиот Блажевски, во завршниот говор побара судот да земе во предвид тоа што „тој е млад човек“, неосудуван и тоа што е болен од хепатит Ц, поради што треба да има посебна исхрана за којашто нема можност во затворот во Шутка.Неговиот адвокат објасни дека пред да се случи сообраќајката, Блажевски неколку месеци бил „чист“, односно не примал метадонска терапија, која била дел од неговото лекување од зависноста од наркотици.„Притворот влијае негативно на него, сега тој повторно користи метадонска терапија“, рече адвокатот во завршниот збор.Блажевски уште еднаш изрази сочувство и каење. „Длабоко се каам за тоа што го сторив, уште еднаш се извинувам на семејството на починатата. Немав никаква умисла да се случи такво нешто“, рече Блажевски во завршниот збор пред судот.Тој со автомобилот на неговиот татко „опел“, на 7-ми јули ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска која се движела по тротоар.Со огромна брзина удрил во неа, а потоа автомобилот преку бетонски скали и метална ограда заврши во фризерски салон. Во несреќата со телесни повреди се здобија и тој и неговата девојка која била во автомобилот.Анализите покажаа дека Блажевски во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол и дрога./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.