Црна хроника
Претепан газда на скопско кафуле
– фото илустрација
Двајца насилници физички го нападнале и претепале 39 годишниуот ДД, соптевник на кафуле во скопската населба Радишани.
Двајца насилници физички го нападнале и претепале 39 годишниуот ДД, соптевник на кафуле во скопската населба Радишани.
Како што соопшти полицијата, во недела вечер околу 23 часот, сопственикот на кафулето бил телефонски повикан од вработените да дојде бидејќи насилниците Д.К. и Б.К. прават проблеми во објектот. Ги затекнал двајцата како кршат шишиња, фрлат маси и кршат дел од инвентарот. Д.Д. ги предупредил да престанат, по што истите почнале да го навредуват, а потоа физички го нападнале удирајки го со нозе во пределот на градите при што паднал на земја. Од страна на гостите напаѓачите биле спречени да продолжат со намерата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.