Црна хроника
Претепан кумановец добил потрес на мозокот
Во петокот попладне, двајца кумановци шетале во градот, при што едниот бил нападнат, а од ударите добил и потрес на мозокот, соопшти полицијата.
Имено, во петокот околу 20 часот З.Б. (55) од Куманово, пријавил во ПС Куманово, дека истот ден некаде околу 17,50 часот, додека одел пеш заедно со лицето Г.М исто така од Куманово, на плоштадот пред бутик „Шкорпион“ одзади силно бил турнат од непознато лице по што паднал на земја.
Потоа кон него дотрчале уште три непознати лица кои физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото. З.Б. се здобил со скршеница на носна коска, видливи рани на главата, оток на десниот дел од лицето, потрес на мозокот, и укажана му е медицинска помош во болницата во Куманово каде што е задржан на лекување.
СВР Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.