Црна хроника
Претепан сопственик на кабаре „Император“ во Битола
Непознати сторители нападнале и претепале еден од сопствениците на кабаре „Император“ што се наоѓа на Широк сокак во Битола.
Инцидентот се случил ноќта во понеделникот кон вторникот во 3 часот, кога напаѓачите без повод и причина физички го нападнале дваесет и осумгодишниот битолчанец, го удирале со тврд предмет и столици и му нанеле расекотина на десната рака.Откако успеал да излезе од кабарето, сопственикот, со такси возило се упатил во Клиничката болница Битола, додека пак сторителите се вратиле внатре и искршиле неколку стакла, инвентар, неколку компјутери и опрема. По укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Битола, тој е задржан на одделението за ортопедија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
71-годишна жена е хоспитализирана откако jа нападнале две лица
Денеска од Градската општа болница „8. Септември“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71-годишна жена од Скопје.
Според пријавеното во МВР, таа се здобила со повреди вчера околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.