Црна хроника
Претепан штипјанец, има скршеница на шаката
Двајца пијани претепале трет штипјанец во дискотека во Штип, кој има скршеница на шаката.
Имено, околу 2.30 часот во етвртокот, во дискотека во Штип на улицата „Свети Кирил и Методиј“ настанала тепачка во која учествувале три лица. Во тепачката А.Ч. (32) и З.В. (32), двајцата од Штип, го нападнале А.М. (24), удирајќи го со клоци и тупаници. Тој се здобил со тешка телесна повреда – скршеница коска на лева шака. Лицата се алкотестирани, при што кај А.M. е констатирано присуство на алкохол во крвта од 1.57 промили, кај З.В. 0.84 додека кај А.Ч. 0.73 промили. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава за „учество во тепачка“ ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.