Црна хроника
Претепан таксист, напаѓачите му го кршеле возилото со шипка
Неколу непознати маскирани лица ноќта кон средата претепале таксист и му го кршеле возилото со метална шипка.
Нападот се случил околу 3,15 часот на улицата „Мирче Ацев“ во Скопје, додека триесет и тригодишниот таксист бил паркиран со своето возило. До неговото возило застанале две возила од кои излегле напаѓачите кои почнале да го удираат со тупаници преку отворениот прозорец на неговото возило. Потоа го извадиле надвор и продолжиле со нападот, а еден од нив со метална шипка почнал да удира по возилото. Веднаш по нападот сторителите влегле во возилата и побегнале од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.