Црна хроника
Претрес во два објекта во Куманово, откриена сомнителна стока од познати светски марки
Поголема количина на текстилна стока со сомнително потекло, а означена со познати светски трговски марки е откриена и одземена при претрес на два објекта во Куманово.
Во првиот случај извршен е претрес во домот на М.С.(53) во Куманово, при што во подрумски простории на семејната куќа е пронајдена поголема количина на текстилна стока наредена на рафтови и една фискална каса.
Од извршениот преглед од страна на Претставникот на трговските марки констатирано е дека во продажба се нуди текстилна стока од сомнително потекло означена со трговските марки: Дизел, Риплеј, Армани и Адидас, која што е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се вкупно 200 парчиња (фармерки, јакни, комплет тренерки и дуксерки) и четири најлон кеси со копчиња, етикети и ознаки од трговските марки Дизел и Риплеј.
Од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека М.С во куќата врши трговска дејност продажба на текстилна стока преку правното лице ДПТУГ„ ЊУ-ЛОК“ Куманово, а немал поднесено пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на трговска дејност за што му се изречени глоби во износ од 4.700 евра.
Во вториот случај извршена е контрола во бутик „Лондон“ во Куманово, со кој стопанисува друштвото ДПТУ „ЛОНДОН ОНЕ“ ДООЕЛ Куманово, сопственост на Ј.Џ.(30) од Куманово.
Од извршениот преглед на робата од страна на Претставникот на трговските марки констатирано е дека во продажба се нуди текстилна стока со сомнително потекло означена означена со трговските марки: Луј Витон, Живенши, Барбери. Шанел, Армани, Томи Хилфигер, Гучи, Ла Кост, Дизел и Левис, која што е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се вкупно 55 парчиња (кошули, блузи, фармерки и тренерки) .
По целосно расчистување и документирање на настаните ке бидат поднесени соодветни кривични пријави. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.