Контакт

Црна хроника

Претрес во Гостивар, уапсено едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

Објавено пред

Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот Т.Џ. од Гостивар. Претходно, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во врска со кривични дела по член 237, 396 и 215 од Кривичниот законик.

При претресот, во една од собите била пронајдена облека поврзана со кривично дело „разбојништво“ (член 237), додека на балконот била пронајдена саксија со две стебла од растението канабис.

Пронајдените предметите се одземени, тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

Објавено пред

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, извести МВР.

„При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив 28 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без кацига, две мерки за управување мотоцикл со несоодветна категорија, една мерка за измината важност на сообраќајната дозвола на мотоцикл, една мерка за истечена полиса за осигурување, една мерка за неистакната регистарска таблица, две мерки за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и четири мерки за останати прекршоци во сообраќајот. Исто така, при контролата откриени се четири кривични дела, од кои два сторители се малолетници. Сторителите се лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а одземени три мотоцикли и едно патничко моторно возило.

При контролата во Тетово изречени се вкупно 71 мерка за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив 40 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), четири мерки за возачи на електрични тротинети, три мерки за неистакната регистарска таблица, две мерки за измината важност на сообраќајната дозвола на мотоцикл, една мерка за измината полиса за осигурување, 16 мерки за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и две мерки за останати прекршоци во сообраќајот. Исто така, откриени се три кривични дела, а сторителите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, при што се одземени три мотоцикли.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Објавено пред

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.

Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци – не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго. При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбил обложувалница во Тетово, уапсен на аеродромот додека се обидувал да избега од државата

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот.

Според информациите од билтенот на МВР, инцидентот се случил на 8 јуни околу 2 часот по полноќ. Осомничениот влегол во обложувалницата и, заканувајќи му се на вработениот со остар предмет, одзел пари од касата и побегнал.

Само неколку часа подоцна, околу 11:30 часот истиот ден, полицијата го привела на Меѓународниот аеродром Скопје, каде што бил затекнат при обид да ја напушти државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 минути

Четири неочекувани знаци на депресија што многумина не ги препознаваат

Депресијата не е секогаш поврзана со тага и плачење и често се манифестира преку рамнодушност, неодлучност и губење на чувството...

Спорт8 минути

Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше...

Европа9 минути

Велика Британија ги забранува социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни...

Забава11 минути

(Видео) Нејзиниот настап на Светското првенство остана во сенка: Кејти Пери и Џастин Трудо го запалија интернетот со интимни сцени

Откако настапи на церемонијата на отворањето на Светското првенство, Кејти Пери веднаш се стрча боса кон своето момче, Џастин Трудо....

Забава21 минута

Сакале или не, ќе доживеат големи промени: Три хороскопски знаци ќе бидат миленици на летото

Владеењето на Ракот започнува на 21 јуни и носи период во кој некои долгоочекувани работи конечно почнуваат да се спојуваат....

Спорт44 минути

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа...

Црна хроника52 минути

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за...

Црна хроника55 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија57 минути

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...