Црна хроника
Претрес во кичевско, пронајдени оружје и муниција: уапсен 66-годишник
Вчера во 16:15 часот во село Горно Душогубица, кичевско, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода бил 66-годишниот Г.С. од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
При претрс во неговиот дом и помошни простории во село Горно Душогубица, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се и одземение ловечки карабин „Маузер“ калибар 7,9мм, ловечка пушка „Застава“ М75 калибар 12мм, пиштол „Застава“ М57 калибар 7,62мм со празна рамка, 23 ловечки патрони, 18 куршуми за пиштол калибар 7,62мм, 10 куршуми за карабин 9мм и други предмети.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско
Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал
Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.
Тој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол
Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда.
Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.
Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, по што Б.И. го нападнал со кундак од пиштол.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
