Црна хроника
Претрес во куќа во Батинци, СЈО бара докази за „Титаник“
По барање на Специјалното јавно обвинителство утрово бил извршен претрес во објект во скопското село Батинци, а при претресот уапсени лица нема, потврдуваат од Специјалното јавно обвинителство.
Претресот бил извршен со судска наредба по барање на Специјалното обвинителство, но оттаму не потврдуваат дали бил извршен претрес во домот на осомничен во акцијата „Титаник“, но потврдуваат дека бил извршен претрес за да се обезбедат докази за случајот „Титаник“.Нема информации дали полицијата запленила нешто при претресот и од Специјалното обвинителство најавија повеќе детали за акцијата во наредните денови. Од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат никакви детали за случајот, односно дали СЈО побарало полициска асистенција за вршење на претрес во Батинци. За акцијата упатуваат на одговори од Специјалното обвинителство./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.