Црна хроника
Пријава за скопјанец осомничен за продажба на марихуана
СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе во неделата кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против Д.Т.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана.
За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено на 14.09.2016 година околу 20,45 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов„ поточно на паркинг од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ОЕКР – Единица за недозволена трговија, било извршено легитимирање и преглед на ПМВ марка “Шевролет-Спарк“ со скопски регистерски ознаки управувано од И.Ј.(18) од Скопје. Во возилото биле и Д.К.(18) од Скопје кој бил сопатник и пријавениот Д.Т. кој бил совозач во возилото.
При извршениот преглед во ПМВ и кај лицата И.Ј. и Д.К. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело додека при обидот за легитимирање и преглед на пријавениот истиот постапил спротивно на предупредувањата и наредбите на полициските службеници дал активен физички отпор и ги спречил полициските службеници во преземањето на започнатите службени дејствија по што се дал во бегство и искористил прилика од себе да исфрли една полиетиленска ќеса со непозната растителна материја спакувана во топчеста форма.
Полициските службеници успеале да го стигнат пријавениот по што истиот бил приведен. По кратко време се вратиле на местото каде претходно во текот на бегањето пријавениот ја фрлил полиетиленската кеса со непознатата растителна материја и при преглед на местото на настанот ја пронашле полиетиленската кеса со непознатата растителна материја.
Пријавениот заедно со лицата со кој бил затекнат биле приведени во ПС-ОН-Гази Баба и со истите бил извршен разговор. По документирањето на настанот и извршениот разговор, во консултација со Јавен обвинител пријавениот Д.Т. бил задржан во ПС-ОН-Гази Баба заради спроведување на понатамошна постапка, додека лицата И.Ј. и Д.К. биле пуштени од полициска станица./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.