Црна хроника
Прилепчанка извисила 52 лица кои и платиле престој во хотел „Бисер“
Прилепчанка измамила 52 лица, им ветила дека ќе ги носи во хотел „Бисер“ во Струга за што и платиле, но ги извисила, откако менаџерот на хотелот открил дека жената лажно се претставила.
Прилепчанката во јули отишла во хотелот за да договори престој и на менаџерот на хотелот му се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија.Четириесет и четиригодишната измамничка потпишала договор за користење услуги според којшто, во периодот од 14-19 август годинава, во хотелот „Бисер“ престојувале 52 лица кои искористиле услуги во висина од 338.068 денари. При потпишувањето на договорот приложила исправа со невистинита содржина, односно тековна состојба на Конфедерацијата од февруари оваа година. Иако никогаш не била претседател, во име на Конфедерацијата, пријавената склучила договор на кој ставила печат од Здружението за развој и унапредување на земјоделието. Откако менаџерот на хотелот ја открил измамата, на 52-те лица што се сместиле во хотелот им го откажал престојот, за што според нивни кажувања, претходно и исплатиле пари на прилепчанката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.