Црна хроника
Притвор за кумановецот кој прегази тричлено семејство, се скарале за ред на лекар
Судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово му одреди 30-дневен притвор на кумановецот кој се обиде да прегази брачен пар и четиригодишно дете за кривично дело убиство во обид.
Кумановецот додека чекал ред со неговата девојка во Здравствениот дом – Куманово влегол во расправија со друго лице заради непочитување на редот за прием во амбулантата. Во текот на расправијата оштетениот му се заканил на осомничениот. При излезот од Здравствениот дом осомничениот бил нападнат од три други лица кои започнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил. Избегнувајќи го нападот, осомничениот се упатил кон центарот на градот, при што со своето возило марка „Мерцедес“ се обидел да го прегази оштетеното лице, неговата сопруга и малолетното дете. Сите тројца биле повредени, а со најтешки телесни повреди се здобило детето.По извршениот увид на лице место со оглед на околностите под кои се случил настанот, Јавниот обвинител даде наредба до СВР Куманово постапката да се води како итна, а лицето учесник – возач да биде задржано заради натамошно постапување.Јавниот обвинител изврши испитување на осомничениот, а ќе бидат испитани и другите инволвирани во случајот. Истовремено, се наредени вештачења за карактерот и тежината на здобиените повреди на сите оштетени, како и невропсихијатриско вештачење за пресметливоста на осомничениот во критичниот момент./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.