Контакт

Црна хроника

Притвор за скопјанец што изнудувал пари од поранешен колега

Објавено пред

Триесет и тригодишен скопјанец изнудувал пари од поранешен колега од работа, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари, ќе му наштети нему и на неговото семејство.

dobivaj vesti na viber

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно Јавно Обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „изнуда“. За стореното кривично дело од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.Имено, пријавениот во периодот од 23.08.2015 година до 14.10.2016 година, употребувајки сериозни закани, телефонски и лично му се заканувал на оштетениот, триесетиедногодишен скопјанец, дека ќе му наштети на него и неговото семејството доколку не му давал секој месец парични средства во висина од 1.000 до 10.000 денари Пријавениот и оштетениот од август минатата година работеле заедно во супермаркет во Тафталиџе, по што почнале и да се дружат. Откако пријавениот во ноември 2015 година го прекинал работниот однос во супермаркетот, му се јавил на оштетениот и му побарал пари, како позајмица со изговор дека му требаат за лекување на неговиот татко, а оштетениот му дал 1500 денари. Оттогаш  пријавениот почнал секој месец, па се до денот на пријавување на настанот, да му бара парични средства на оштетениот со закана дека доколку не му даде пари ќе му наштети на него и на неговата фамилија, така што оштетениот од страв за себе и својата фамилија бил принуден постојано да му дава парични средства, но за тоа не кажувал на никого. Во јули годинава пријавениот отишол на работното место на оштетениот со намера да му земе пари, но откако оштетениот му кажал дека нема, Н.Б. го фатил за раце и од џебот му го извадил и го одземал мобилниот телефон, по што ја извадил сим картичка и му ја вратил. Исто така минатиот месец пријавениот телефонски му се јавил на оштетениот и му побарал пари или од мобилара лоцирана во Градски трговски центар Скопје да набави два мобилни апарати заедно со сим картички, а доколку не го стори истото му се заканил дека ќе го повреди. Подоцна оштетениот ги набавил мобилните апарати и му ги дал на пријавениот.Повторно, на 13 овој месец пријавениот телефонски му се јавил на оштетениот и му кажал да дојде кај трговскиот центар лоциран во Општина Карпош и да му даде 1.000 денари, за што оштетениот дошол на договореното место, но му кажал на Н.Б. дека нема пари. По ова пријавениот почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на главата и телото, нанесувајки му видливи повреди. По нанесенате повреди оштетениот побарал помош во медицинска установа.Следниот ден (14.10.) пријавениот телефонски го побарал оштетениот и повторно му побарал 1.000 денари а доколку не му ги даде му се заканил дека ќе биде полошо од претходниот ден, за што оштетениот исплашен за неговиот живот како и неможејќи повеќе да ги поднесе физичкото и психичкото малтретирање и заканите од страна на пријавениот, настанот го пријавил во полиција.  Од страна на Одделението за насилен криминал при СВР Скопје земен е записник за примање на кривична пријава и превземени се оперативно-тактички и технички мерки за фаќање на сторителот и документирање на случајот. Притоа, од страна на полициски службеници од Единицата за наслилен криминал и ЕПОИ-Алфа, пријавениот е лишен од слобода, при што пронајдени се и со потврда за  привремено одземени предмети одземени му се две банкноти од 500 денари, а од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се  фотографирани. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Објавено пред

На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

dobivaj vesti na viber

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Објавено пред

Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.

dobivaj vesti na viber

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се трага по 86-годишно лице од Скопје

Објавено пред

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија2 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет3 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија3 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион5 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет6 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија7 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет7 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија8 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија8 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија8 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија19 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија20 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија20 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија20 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...