Црна хроника
Приведен мажот што пукаше во брат му во село Ебеплија
Во врска со настан „Убиство во обид“, за кој полицијата соопшти во саботата, во неделата во 12.35 часот во полициска станица во Штип, приведен и задржан е Ш.М. (35) од село Ебеплија-Општина Карбинци.
Имено, во петокот, околу 17 часот во семејната куќа во село Ебеплија-штипско поради нарушени семејни односи Ш.М.(35) од огнено оружје кое го поседувал без одобрение испукал неколку истрели кон неговиот брат Ќ.М.(31), при што му нанел прострелна рана во пределот на десната надлактица.
Истиот со возило на брзата помош бил префрлен во Општата болница во Штип каде бил задржан на лекување.
Од страна на СВР-Штип се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот.
Ш.М. лани бил пуштен од затвор по одлежана казна затвор за извршени три убиства во 2000 година, кога неговото семејство било принудено да се отсели од селото во кое живееле затоа што граѓаните протестирале, оти биле соочени со суровоста на Ш.М., но и од некои други членови на истото семејство.
По излегувањето од затвор, тој се „фалел“ дека има список од околу 80 луѓе, на чело со неговиот брат, на кои ќе им се одмазди, затоа што го предале во 2000 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.