Црна хроника
Приведен осуденик кој се барал за издржување 10-годишна затворска казна
Приведен жител на селото Мала Речица кој се барал со потерница за издржување на затворска казна во траење од десет години за обид за убиство што се случило во 2000 година.
Четириесетгпдишниот Осман Б. бил приведен во близина на граничниот премин Долно Блаце откако илегално ја преминал косовско-македонската граница.
Три лица со автомобил „пежо“ го пречекале осуденикот кој престојувал во Германија на приштинскиот аеродром, а потоа од таму го донеле до косовско-македонската граница, за тој да ја мине пеш, илегално, со договор да го чекаат на другата страна од границата.
Но полицајците се посомневала, па по контролата, го следеле автомобилот и го уапсиле Осман кај местото Барди Маало.
Обидот за убиство се случил во јули 2000 година кога по расправија на браќата Џ.А. и Б.А. во село Мала Речица со трето лице поради наводнување, дошол Осман Б. кој што извадил пиштол и испукал еден куршум со кој најпрво го повредил Џ.А. во главата нанесувајќи му површинска рана а потоа истиот куршум го погодил Б.А. во десната надколеница . /крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.