Црна хроника
Приведени двајца дилери на хероин во Скопје
Двајца скопјани на возраст од 42 и 45 години се приведени поради препродавање на хероин во Скопје. Против нив е поднесена кривична пријава и на истите им е одреден притвор од 30 денови.
Според сознанијата на полицијата, М.Ш. (42) и С.С. (45), од јули набавувале поголема количина на хероин, која во зависнот од побарувачката ја препакувале во помали количини и истата ја препродавале на други лица. Полицијата во две одделни акции во непосредна близина на домовите на пријавените при претрес кај шест лица пронашла по една паковска со вкупно 3,55 грама хероин.
По ова, полицијата извршила претрес и кај приведените при што кај М.Ш. била пронајдена и одземена една поголема полиетиленска паковка со хероин со вкупна тежина од 8,46 грама, додека кај С.С. биле пронајдени и одземени 27 помали полиетиленски паковки со хероин со вкупна тежина од 4,27 грама и една паковка кокаин.
Двајцата биле приведени во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде не дале појаснување за пронајдената наркотична дрога во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ја набавиле.
Инаку, М.Ш. до сега има две кривични пријави за недозволена трговија со дрога, а С.С. една.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.