Црна хроника
Приведени двајца скопски дилери на хероин
Во два одвоени случаи приведени се две лица од Скопје, до кое едното е девојка, и против нив е покрената кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, за што од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, извести во неделата СВР Скопје
Во првиот случај станува збори за 53-годишниот жител на Скопје, идентификуван со иницијалите З.Ј., кој во август од засега непознато лице набавил неодрено количество хероин коешто го препакувал во помали паковки и ги држел во својот привремен дом и во неговото возило со намера дрогата да ја препродава на уживатели.
Од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија на 28-ми август, половина час по полноќ на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода“ сега пријавениот бил легитимиран и претрес, при што биле откриени четири полиетиленски паковки со прашкестата материја. По вештачењето е утврдено дека станува збор за хероин со вкупна нето маса од 1,09 грама.
Со Наредба од Основен Суд Скопје 1 – Скопје извршен е претрес во станот кој го користел осомничениот, а потоа и во гаражата која ја користел и во неговото возило. Од извршениот претреси во гаражата пронајдени биле една кеса и стаклена тегла со прашкаста материја, дигитални ваги, ножици, пластични туби и метален предмет по чии површини имало остатоци од непозната материја, 21 мобилен телефон, пари и еден лаптоп, а во возилото биле пронајдени една кеса во која имало три полиетеленски паковки со прашкаста материја, една дигитална вага со остатоци од непозната материја и пари.
По направеното вештачење констатирано е дека се работи за хероин со вкупна нето маса од 187,03 грама, како и мешавина од парацетамол и кофеин во вкупна нето маса од 494,.6 грама.
Во вториот случај, исто така, на 28-ми август, откриено е дека 31-годишната скопјанка М.Л околу 15 часот стапила во контакт со засега непознато лице и нарачала околу 50 грама хероин кои со мотоцикл ѝ биле доставени, а таа ги чувала во нејзиниот дом, а со намера дрогата да ја препродаде по повисока цена.
По добиено оперативно сознание, истиот ден околу 16 во влезот од зградата, М.Л. е забележана како во противпожарно сандаче прикрива некаков предмет, за што од страна полициските инспектори била легитимирана а во хидрантот е пронајдена една полиетиленска паковка со прашкаста материја. Од изготвеното вештачење е заклучено дека одземената полиетиленаска паковка со вкупна маса од 50,25 грама претставува хероин.
Во полицискиот распит девојката го појаснила начинот, на кој „работела“. Инаку против неа досега биле поднесени четири кривични пријави за истите кривични дела, кои ги сторила на подрачјата на Скопје и Ресен./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.