Црна хроника
Приведени осум албански државјанки што работеле како танчерки во кафуле во Чегране
Осум албански државјанки се затекнати во угостителскиот објект „Нота“ во гостиварско Чегране, кои биле ангажирани како пејачки и танчерки.
При врачување на Наредбата за претрес на сопственикот Ш.Ш., тој вербално нападнал еден полицаец и сакал физички да се пресмета, по што избегал од објектот.
По извршената контрола и претрес во објектот затекнати се и пронајдени осум државјанки на Р.Албанија, од кои шест немале документи за идентификација. Девојките се на возраст од 21 до 33 години и наводно биле ангажирани како пеачки и танчерки. Истите се приведени во ПС-Гостивар.
Во 04,00 часот И.Ш.(1972), брат на сопственикот на „Нота“, неповикано дошол во ПС и донел шест албански патни исправи на приведените, кои во моментот на приведувањето не биле во нивно владение.
Објектот, со решение на УЈП е затворен на 30 дена, а ПС-Гостивар презема мерки за целосно документирање на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.