Црна хроника
Приведено едно лице за тепачката и пукањето во Аеродром
Тепачка меѓу две групи малолетници, па пукање се случило во вторник вечер по 20 часот пред трговскиот центар Капитол во скопската населба Аеродром.
Според информациите на МВР, две непознати лица на паркингот зад Трговскиот центар почнале да бркаат 14 годишно момче коe билo заедно со своите другари на возраст од 16 години. Успеале да им избегаат, шеснаесетгодишниците тргнале да бегаат кон Центар, додека четиринаесетгодишното момче избегало во правец кон населбата Ново Лисиче. Напаѓачите го пресретнале и физички го нападнале 14 годишното момче. Малолетникот повторно им избегал, а напаѓачите се качиле во патничко моторно возило, најверојатно марка „мерцедес“ и испукале неколку куршуми пред трговскиот центар. Полицијата за инцидентот го привела шеснаесетгодишниот A.К. од Скопје и со него било разговарано во присуство на старател. Против него ќе следува соодветен поднесок, а полицијата сè уште трага по другиот напаѓач. Не се знае дали токму приведеното момче пукало од автомобилот. Повреденото четиринаесетгодишно момче со телесни повреди здобиени во тепачката е пренесено во градската општа болница „Наум Охридски“./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.