Црна хроника
Продолжен притворот на тројца демонстранти од „Шарената револуција“
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 им го продолжи притворот на тројца демонстранти кои учествуваа на протестите против одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов со којашто беа помилувани 56 лица, политичари и нивни соработници.
Како што информираат од Кривичниот суд, демонстрантите на кои им беше првично определен осумдневен куќен притвор, добија уште 30 дена куќен притвор. Двајца од демонстрантите беа изведени пред судија на претходна постапка на 15 април, додека еден од нив беше изведен пред судија на 19 април. На демонстрантите им е продолжен притворот бидејќи до судот веќе стигнал обвинителен предлог.Полицијата поднесе кривични пријави против шест лица за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело.Покрај лицата кои добија кривични пријави, против 11 демонстранти беа поднесени прекршочни пријави, а против едно лице од Битола било поднесено пријава по приватна тужба.Демонстрантите се осомничени дека за време на одржување на ненајавен протестен собир, на кој присуствувале околу 2 000 граѓани, учествувале во толпа со заедничко дејствување, со фрлање на тврди предмети, удирање и кршење на инвентарот, како и други дејствија насочени кон оштетување на надворешниот и внатрешниот дел на објектот на Народната канцеларија на Претседателот на РМ, при што била предизвикана материјална штета./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.