Црна хроника
Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово
Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип, јавува МИА.
На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов во време на убиството бил на службена должност.Инаку, убиени се двајца повозрасни мажи и една жена односно се работи за таткото и мајката на неговата сопруга и за уште едно непознато машко лице. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова изјави дека во моментот во врши увид од страна на основен јавен обвинител и екипи на СВР Штип.Повеќе детали полицијата најавува во декот на денот./крај/миа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.