Црна хроника
Пронајдени 13 имигранти во два одделни случаи
Вкупно 13 имигранти, од кои осум сириски и пет авганистански државјани, пронајдени се во саботата во два оделни случаи во возила на македонските патишта.
Првиот случај е регистрина околу 08,30 часот кога при извршување на редовните работни задачи униформирани полициски службеници од Штип, пред с.Лакавица забележале ТМВ„Застава“ со струмички регистерски ознаки, оставено без возач.
При преглед на истото е констатирано дека во багажниот простор на ТМВ се наоѓаат 5 лица државјани на Сирија.
Странските државјани се приведени во ПС-Штип за понатамошна постапка. СВР-Штип презема мерки за пронаоѓање на возачот.
Вториот случај е евидентиран во 23,00 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на с.Мрзенци, кај м.в.„Подвозник Мрзенци“, кога од страна на полицијата од ГП„Богородица“ откриено е ТМВ„Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, управувано од К.М.(1976) од Кавадарци, во кое биле затекнати 8 лица од кои 5 државјани на Авганистан и 3 државјани на Сирија.
К.М. е приведен и предаден на УПС од ПС-Гевгелија за понатамошна постапка, додека странските државјани во текот на денешниот ден ќе бидат предадени во Прифатниот центар за странци-Скопје. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.