Црна хроника
Пронајдени 21 мигрант кои се шверцувале во две возила „ауди“
Полицијата открила вкупно 21 мигрант кои се шверцувале во две одделни возила марка „ауди“ кај селото Удово. Едниот од возачите кои шверцувал мигранти е фатен, додека другиот избегал.
Во петокот околу 16.30 часот на клучката кај село Удово полицајците забележале „ауди“ со скопски регистерски таблици полно со мигранти и уште едно возило „фолксваген пфаетон“, исто така со скопски регистерски ознаки, кое попречувало да извршат престигнување „аудито“.
Кај клучката кај Демир Капија „аудито“ се исклучило од автопатот и застанало, а возачот го оставил возилото со мигранти и избегал. Непосредно по напуштањето на возилот, полицајците од Полициската станица Михајлово го фатиле.
Во возилото пронајдени биле 16 мигранти од кои пет малолетни и 11 полнолетни лица. Од нив 10 лица се од Авганистан, едно чице Пакистан и пет лица од Ирак. Возачот на „аудито“ во кое се превезувале мигранти е идентификуван и се работи за дваесет и седумгодишен скопјанец.
Во 18.35 часот полицајците го забележале автомобилот „фолксваген пфаетон“ и биле легитимирани две лица А.Б.(26) и С.Д.(28) двајцата од село Арачиново, скопско. Поради сомнение дека се работи за организирана група на криумчарење на мигранти, лицата се приведени и задржани во Полициската станица Неготино.
Против македонските државјани ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денешниот ден ќе бидат спроведени до основниот суд Скопје-1 во Скопје.
Ноќеска околу 2 часот, по полноќ полицајци исто така кај село Удово забележале друго „ауди“ со скопски регистарски ознаки со мигранти, по што возачот ја зголемил брзината и околу 3 часот кај исклучок од автопат Гевгелија кон Скопје, кон стариот пат за Градско, возачот на возилото излегол и избегал.
Во возилото затекнати биле пет лица илегални мигранти и тоа три од Пакистан и две од Авганистан.
Возачот на возилото во кое се откриени мигрантите не е пронајден, а илегалните мигранти биле однесени во Полициската станица Велес.
За настанот известен бил дежурниот јавен обвинител од кој дадени биле насоки да се продолжи со потрагата по возачот, а илегалните мигранти да бидат сместени во Прифатниот центар за странци на МВР./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.